(ВИДЕО) Британската полиција загрижена по сообраќајни инциденти на дипломати од САД во близина на база

Британската полиција забележува дека минатата година во областа на британската воздухопловна база Кроутон, каде што минатиот август загина тинејџер, се случиле уште најмалку два сообраќајни инцидента во кои биле инволврирани американски допломати, објави во саботата вечерта британскиот телевизиски канал Sky News.

Според сознанијата, двапати автомобили со американски дипломатски регистерски ознаки се движеле по сообраќајните ленти во спротивна насока, како што беше случајот ланскиот август кога сопругата на носител на американски дипломатски пасош, Ен Сакулас, во близна на базата предизвика несреќа со смртни последици , во која настрада 19-годишниот Хари Дан. Во моментов британските власти бараат од САД да ја екстрадираат Сакулас, којашто отпатувала од Обединетото Кралство набрзо по трагедијата, користејќи го дипломатскиот имунитет.

Како што се наведува во изјавата дистрибуирана во саботата од страна на началникот на полицијата на грофовијата Нортхемпторшир, Ник Едерли, наскоро тој и полицискиот и комесарот на противпожарната служба во областа ќе се сретнат со челниците на базата Кроутон, за да разговараат за ваквата ситуација и за нејзино надминување.

Повод за соопштението е инцидентот снимен на видео кој се случил во петокот, кога автомобил возејќи по спротивната лента за малку ќе се удрел во возило кое се движело во обраниот правец. Според информациите на Sky News, друг случен инцидент се случил во октомври, кога автомобил со американски дипломатски таблички на истото место се судрил со полициско возило, исто така движејќи се по погрешната страна од коловозот.

„Вакви работи не смеат повеќе да се случуваат. Со примерот на младиот Хари, сите многу добро знаеме колку можат да бидат тешки последиците од ваквите инциденти“, рекол Едерли.

Загинувањето на Хари Дан предизвика дипломатски скандал, кој се обидоа да го разрешат американскиот претседател Доналд Трамп и британскиот премиер Борис Џонсон.

Според информациите до кои дошле во Sky News, веднаш по несреќата американските власти ѝ препорачале на Сакулас, на којашто ѝ бил даден дипломатски имунитет, да се врати во САД. Адвокатите на семејството на Дан инсистира дека Сакулас не можела да ужива дипломатски имунитет кој ѝ овозможил да се врати во САД среде истрагата. Адвокатите сметаат и дека нејзиниот сопруг, без разлика на тоа што има дипломатски пасош, не може да се смета за американски дипломат.

Имено, според информациите на британските медиуми, сопругот на Сакулас, бил разузнавач кој работел во воената база Кроутон, каде што се наоѓа центарот за комуникации на воздухопловните сили на САД. Според податоците објавени во 2013 година од поранешниот американски разузнавач Едвард Сноуден, токму од оваа база преку безбедни канали во САД за CIA биле испраќани тајните информации за прислушувањето на европските политичари.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.