(ВИДЕО) Бритни Спирс: Плачев гледајќи го документарецот за својот живот

Американската пејачка Бритни Спирс призна дека „плачела две седмици“ и дека „сѐ уште плаче понекогаш“ откако изгледала инсерти од документарниот филм „ Framing Britney Spears“ и порача дека најмногу би сакала да ја остават на мир.

„За мојот живот постојано се шпекулира… будно ме следат… ме осудуваат целиот мој живот!!!“, напиша сега 39-годишната пејачка.

„Медиумуте секогаш ме осудуваа…. навредуваа, ме срамотеа.. и тоа го прават и денес“, додде Спирс во објавата на Instagram.

Пејачката јавно не го коментираше документарниот филм се од објавата во вторникот, кога наведе дека одгледала дел од него и дека во тоа не уживала.

Филмот инаку го следу подемот на Бритни Спирс во кариерата и медиумското покривање на нејзиниот нервен слом во 2007 година, по што нејзиниот татко го презема старателството вклучително и над нејзините финансии.

„Не го гледав документарецот, но од она што го видов се чувствувам непријатно, како да ме изложиле. Плачев две недели и всушнот .. .сѐ уште понекогаш плачам“, напиша Спирс.

Бритни Спирс доби поддршка од многумина, вклучително и од колеги од естрадата, кои сакаат таа да биде ослободена од старателството коешто на нејзиниот татко Џејмс му дава целосна контрола над нејзиниот живот. На суд Бритни призна дека се плаши од татко ѝ и оти сака да му се одземе старателството.

„Секој ден ми носи радост!! Не сум тука за да бидам соврешена… совршено е досадно.. Тука сум да пружам добрина“, напиша Бритни проследено со нумерата „Crazy“ од 1994 година на легендарниот бенд Aerosmith.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Britney Spears (@britneyspears)