ВИДЕО| Бројот на жртвите во падот на авионот во Непал се зголеми на 68 луѓе

Најмалку 68 луѓе загинале во неделата во најголемата авионска несреќа последните три децении во Непал, објави тамошната Управа за цивилно воздухопловство според којашто прелиминарните сознанија упатуваат на неисправност на авионот од типот „ATR 72“.

„Немаше проблеми со временските услови, добиени се прелиминарни информации дека авионите се урнал од технички причини. Добиени се информации дека во авионот бил забележан пламен додека сѐ уште бил во воздух“, изјави за весникот MyRepublica Гјанендра Бхул од Управата.

Непалските власти формираа комисија за истрага на несреќата и којашто мора да го достави извештајот во рок од 45 дена.

Стотици спасувачи го пребарувале ридестото место на несреќата во близина на градот Покхаре, каде се урна авионот на компанијата „Yeti Airlines“ кој полетал од главниот град Катманду. Телевизијата во оваа хималајска држава прикажа припадници на спасувачките екипи околу остатоците. Дел од местото на падот на авиони е спален, а се забележуваше и пламен.

„Испративме 31 тело во болница, а 33 тела сѐ уште ги извлекуваме од пропаста“, изјавил за Reuters полициски службеник Аџаи К.С., додавајќи дека спасувачите имаат тешкотии со достапот до местото во долот меѓу две брда во близина на аеродромот во овој туристички град,

Станува збор за најсмртоносната воздухопловна несреќа во Непал од 1992 година, според базара на податоци на групација Aviation Safety Network, кога авион од моделот „Airbus A300“ на воздухопловната компанија „Pakistan International Airlines“ кој се урна во ридот близу непалската престолнина Катманду, при што загинаа сите 167 патници и членови на екипажот.

Капетанот на авионот „ATR 72“ го контактирал аеродромот од клисурата Сети во 6,05 часот, а „потоа се урнал“, објави Управата во соопштението.

„Половина авион е на падината. Другата половина падна во клисурата на реката Сети“, изјавил за Reuters локалниот жител Арун Таму кој на местото на несреќата дошол само неколку минути по падот на авионот.

Во авионот „ATR 72“ на компанијата „Yeti Airlenes“ на летото од Катманду имало 72 лица, вклучително и две деца и четворица членови на екипажот, соопшти портпаролот на компанијата Дидаршан Бартуала.

Петмина се индиски државјани, четворица руски, двајца од Јужна Кореја, и по еден ирски, австралиски, француски и аргентински државјанин биле во авионот, соопштија од управата на непалскиот аеродром.

Авионот бил стар 15 години и опремен со стар транспондер со несигурни податоци, објави на Twitter интернет страницата за следење летови FlightRadar24. Додаваат дека „преземаме податоци со висока резолуција и го проверуваме квалитетот на податоците“.

Моделот „ATR 72“ е широко користено летало коешто заедно го произведуваат француската компанија „Airbus“ и италијанската компанија „Leonardo“. Воздухопловната компанија „Yeti Airlines“ поседува шест авиони „ATR72-500“ според податоците на јавната интернет страница. На својата интернет страница „Yeti Airlines“ себеси се опишуваат како водечката домашна воздухопловна компнија. Ја поседуваат и компанијаа „Tara Air“, заедно со којашто нудат „најширока мрежа“ во Непал.

Авионските несреќи не се ретки во Непал, во кој се наоѓаат осум од 14-те највисоките планини во светот, вклучително и Еверест, каде што времено нагло се променува и создава опасни услови.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.