(ВИДЕО) Бројот на жртвите во пожарот во студиото во Кјото засега зголемен на 24

Во пожарот за кој полицијата се сомнева дека е подметнат во студио за анимација во јапонскиот град Кјото во четвртокот наутро, загинале најмалку 24 луше, објави јавната телевизиска мрежа NHK повикувајќи се на локалните власти.

Пожарникарите нашле многу безживотни тела на вториот кат од трокатното студио на компанијата „Kyoto Animation“, а се претпоставува дека во зградата во четвртокот утрото работеле околу 70 луѓе во моментот кога избувнал пожарот.

Во болниците во Кјото се пренесени 36 повредени, а околу десет од нив се во критична состојба, објави агенцијата Kyodo цитирајќи ги властите.

Во извештајот се додава дека 41-годишен маж е осомничен за потметнување на пожарот, и оти по престојот во болница е однесен во притвор. На полицијата ѝ рекол дека излеал „течност слична на бензин“, а полицијата пронашла и ножеви на местото на настанот.

Мажот е повреден и му била пружена медицинска помопш во болница, поради што полицијата и неможела да оствари негово детално сослушување, објави NHK, наведувајќи дека човекот наводно извика „умри“ додека го подметнувал пожарот.

Пожарот избувнал околу 10,30 часот по локално време во зградата на компанијата којашто е позната по продукцијата на популарните анимирани серии, како „K-On!“ и „The Melancholy Haruhi Suzumiya“.

Јапонскиот премиер Шинзо Абе објави на Twitter дека е „тешко да се најдат зборови за ваков тежок инцидент, и упати сочувство на семејствата на жртвите.