(ВИДЕО) Бучковски со нон-пејпер и гаранции дека Македонија нема претензии кон Бугарија

Разговорот на специјалниот преставник на македонската Влада, Владо Бучковски со бугарскиот премиер, Бојко Борисов е јавно објавен, а во него Бучковски вели дека носи нон-пејпер како гаранции дека Македонија нема територијални претензии кон Бугарија и нема да се меша во прашањето за малцинствата, односно прашањата кои го загрижуваат бугарското општество.

– Скратеното име на нашата земја Република Северна Македонија е Северна Македонија, и тоа не значи територијални претензии кон Бугарија. Како што стои и во Договорот, ние не се мешаме во внатрешните работи и тоа ќе го почитуваме – вели Бучковски.

Дводневната посета на Бучковски финишира со бугарскиот претседтел Румен Раден, а започна со шефицата на дипломатијата. Захариева вчера негираше дека има вето врз македонските преговори, за неа тоа е само неодобрување на преговарачката рамка.

Во исто време во Брисел, ЕУ лидерите ги решаваат битните прашања за Унијата, а Македонија е тргната од агендата, поради блокадата. Не се исклучува на маргините од Самитот да се разговара и за македонското прашање.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.