(ВИДЕО) Бугарија под снег, патници заиграа оро да се згрејат

Десетина луѓе, блокирани на бугарскиот автопат „Хемус“ заиграа оро во обид да се загреат. Видеото стана хит на социјалната мрежа на Фејсбук, пренесуваат бугарските медиуми.

Стотици автомобили останаа блокирани по патиштата, поради обилните врнежи од снег, кои ја зафатија соседна Бугарија.

Најтешка, со најдолга колона возила, била состојбата на автопатите Хемус, Струма и Тракија. Бугарските власти препорачуваат пред да се излезе на пат, да се погледнат последните информации за состојбата на патиштата и додадоа дека изминатата ноќ вкупно 600 машини работеле на чистење на главните автопати.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.