ВИДЕО| Бугарски пратеник физички се пресметува со македонската полиција

Инцидентот на граничниот премин Деве Баир кој резултираше со апсење на тројца бугарски државјани бугарски политичар во живо го пренесуваше на социјалните мрежи.

Според снимката, која се гледа дека е направена со мобилен телефон, се гледа дека тој што снима директно учествува во буткањето со македонските полицајци

Снимката ја објави политичарот Ангел Георгиев, кој е пратеник.

На снимката неколку граѓани иако предупредени да не го прават тоа од страна на македонските полицајци, се приближуваат кон нив и со висок тон им се обраќаат негодувајќи за бугарски државјанин кој бил спроведен во просториите на полицијата на граничниот премин.

Бугарските државјани на снимката им дофрлуваат на полицајците, а потоа и се втурнуваат кон нив по што полицајците се обидуваат да ги оддалечат од зградата на граничниот премин и доаѓа до буткање.

На снимката се гледа дека тој што снима е исто така спроведен во просториите на станицата.

Бугарските медиуми пак за инцидентот пренесуваат дека македонските полицајци се тие кои му се заканувале и го тепале пратеникот на „Вазраждане“ Ангел Георгиев, а со него биле и бугарски државјани.

МВР веќе потврди дека се приведени тројца бугарски државјани поради овој инцидент. А на инцидентот сведочеше и екипата на А1он која веќе објави снимка од друг агол која можете да ја погледнете на следниот линк.