(ВИДЕО) Бурата Френсис го поплави Лондон

Бурата Френсис, што ја погоди Велика Британија донесе ветар со брзина од 120 километри на час, а поради огромната количина дожд, улиците на јужен Лондон беа поплавени.

Возачите едвај се пробиваа низ надојдената вода борејќи се со силниот ветар.

Најсилните удари на невремето беа на подрачјето на Англија и Велс, во планините и на брегот.

Издадено е 30-часовно предупредување за обилен дожд за подрачјето на Северна Ирска, средишна Шкотска, северозападна Англија и Северен Велс.

Се очекува да паднат повеќе од 90 мм дожд повеќе од просекот.

https://www.youtube.com/watch?v=e_wQwLEubAk&feature=emb_logo