(ВИДЕО) Бурим од Арачиново кој шибаше на плоштадот на Тик Ток се фали со „бентлито“

На социјалните мрежи се појави видео од скопскиот плоштад, на кое се гледа како возило со марка „Бентли“ поминува низ новогодишниот декор.

На снимката можеше да се забележи како луѓето што стојат во пределот кадешто се наоѓаат новогодишните декорации, неочекувајќи дека некој ќе се „пикне“ таму, збунето се тргаат настрана поради брзината со која проаѓа автомобилот.

Потоа Министерството за внатрешни работи ја информираше јавноста дека вчера вечер околу 19 часот е пронајден и санкциониран Б.А. од Арачиново, кој со патничко возило се движел по плоштадот во Скопје и ја загрозил сигурноста на присутните граѓани.

Истиот Бурим од Арачиново поставил Видеа на Тик ток од неговото бентли. Од видеата може да видите кој шибаше низ скопскиот плоштад.