ВИДЕО| Буш потврдува дека САД го прекршиле ветувањето за неширње на НАТО и за биолабораториите во Украина

Поранешниот американски претседател Џорџ В. Буш помладиот е последната „жртва“ на руските пранкери познати како Вован и Лексус и во телефонскиот разговор во кој тие се претсетавуваат како украинскиот претседател Владимир Зеленски, потврдува дека САД ги прекршиле ветувањето дека НАТО нема да се шири на исток кон руските граници, како и за постоењето на американската воено-биолошка програма во Украина.

Пранкот бил преставен во четвртокот на ткн просветителски маратон „Нови хоризонти“ во руското здружение „ЗнаењеЕ, но се наведува дека наскоро ќе бидат објавени нови фрагменти од „разговорот меѓу Буш и Зеленски“.

Во разговорот Буш помладиот, меѓу другото, лажниот Зеленски го потсетува на зборовите на поранешниот американски државен секретар Џејмс Бејкер, кој на последниот советски челник Михаил Горбачев му ветил во 1990-те дека НАТО нема да се проширува. Поранешниот американски претседател вели „тоа е вистина“, но додава „времињата се менуваат“.

„Бејкер беше државен секретар во мандатот на мојот татко (американскиот претседател Џорџ В. Буш постариот), тоа беше пред многу години. И значи САД треба флексибилно да се прилагодуваат на времето. За тоа сега наидувате на толку силна поддршка од нашата земја“, вели Буш помладиот.

Додава и дека посакува Украина да стане членка на НАТО.

„Сакав Украина да влезе во НАТО. Извесно време мислев дека Русија ќе биде поприспособлива, но потоа (рускиот претседател, Владимир) Путин нагло се промени. Сѐ што тој посакуваше е да остане на крајот на НАТО, за да контролира дека НАТО не е офанзивен, туку дефанзивен сојуз“, додава Буш помладиот.

Во разговорот со руските радио-водители кои му се претставиле како украинскиот челник Зеленски, поранешниот американски претседател го потврдува и постоењето и активностите на американскиот биолаборатории во Украина, воспоставени по превратта на власта во Киев во 2014 година.

Лажниот Зеленски, имено, изразува благодарност до САД и вели дека Украинците успеале да го зачуваат наследството – биолабораториите кои ги финансирале Американците, на што Буш одговора „Да“.

Потоа пранкерите велат дека Киев успеал да ги евакуриа биолабораториите на безбедно место „за Русите ништо (….) да не добијат“, на што Буш повторно потврдно одговара.

Во текот на првите седмици од руската воена интервенција во Украина, Москва објави податоци за кои вели дека се оригинални украински документи кои укажуваат дека во земјата била формирана мрежа од 30 биолошки лаборатории кои дејствувал во интерес на американски Пентагон. Руската страна додава дека документацијата укажува на наредба целата опрема и препаратите да бидат итно евакуирани во случај на руска инвазија врз Украина, и притоа документира со траги од итно уништување во две биолаборатории во јужниот град Мароупол, каде најголем отпор пружаа украинските сили.

Руското министерство за одбрана заклучува дека Украина станала „полигон за тестирањата на Пентагон“ за развој на компоненти на биолошко и токсично оружје, како и за непречено незаконско тестирање на нови опасни медицински препарати врз луѓе. Според заробената документација, во биолабораториите особено се работело со патогени на разни заразни болести, меѓу кои и чума и антракс, како и можноста за нивно ширење преку животински видови кои мигрираат во регионот.

Натаму, во еден од фрагметнтите од разговорот на „Зеленски“ и Буш помладиот е отворена и темата за руската интервенција во Грузија во 2008 година, при што тогашниот американски претседател вели дека сега поранешниот грузиски претседател Михаил Саакашвили морал да војува против Русија. Буш по руската интервенција која следеше откако грузиските војски се обидоа воено да ги заземат одметнатите кавкаски републики извадени од составот на Русија во времето на СССР кога загинаа четворица руски миротворици, порача дека „некои изјави биле погрешно протолкувани“ во Тбилиси.

„Дозволете ми да прашам: дали носи униформа? Војува ли тој против Русите?… Дали вие му дадовте државјанство? Тој мора да се бори против Русите“, вели Буш помладиот потсетувајќи дека поранешниот украински претседател Петро Порошенко на Саакашвили му даде украинско државјанство и го именуваше за гувернер на чувствителната Одеска област со мнозинско рускојазично население.

Саакашвили подоцна се сврте против Порошенко и се појави како негов политички противник обвинувајќи го за корупција по што беше притворан под обвинение за бунт и протеран. Сакаашвили сега е во притвор во родната Грузија.

Поранешниот американски претседател Буш помладиот го нарекува Саакашвили „бујно момче“ и признава дека САД имаа проблеми со него во Грузија.

„Путин му постави стапица и падна во неа. Секаква паника во тоа време беше неприфатлива. Мораше да ме пршате дали тој треба да биде дел од вашата влада. Би ви дал совет. Но, знаете, ја не разговарав со Саакашвили во 2008 година“, вели Буш.

Поранешниот американски претседател во телефонскиот разговор поверувал дека пранкерите Вован и Лексус се украински херои кои собориле многу руски авиони и вели дека е горд на нив, откако лажниот Зеленски го замолува да разговара со нив и да се приклучат на видоеконференциската врска.

„Ние се бориме за нашата независност“, велат пранкерите. „Многу сум горд на вас“, возвраќа Буш помладиот.

Потоа пранкерите на руски јазик му се обраќаат на Буш, цитирајќи ја познатата фраза од филмот „Брат-2“ на Алексеј Балабанов: „Кажи ми Американецу, во што е моќта?“.

„Ја гледам вашата ревност кога ѝ давате отпор на Русија. Продолжете да се борите со Русија. Вистината е со вас и Зеленски. Му реков дека е како (британскиот воен премиер) Винстон Черчил“, коментира Буш помладиот.

Светски веќе познатите шегаџии Владимир Кузнецов (Вован) и Алексеј Столјаров (Лексуск) објавија дека неколку од необјавените фрагменти од разговорот со Џорџ Буш помладиот од иметот на Зеленски ќе бидат наскоро објавени на Rutube во авторскиот канал „Шоу ВиЛ“, откако сервисот YouTube ги избриша сите материјали од шегувањата со светски политичари и славни личности во коишто се откриваат непријатни нешта кои инаку се непознати за пошироката јавност.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.