(ВИДЕО) Буш се збуни: Руската инвазија на Ирак беше неоправдана… (ВИДЕО)

Поранешниот претседател на САД, Џорџ Буш кажа дека инвазијата врз Ирак беше неоправдана, по што се поправи и кажа дека мислел на Украина.

Грешката се случи вчера за време на говорот кој Буш го одржа во Далас.

„Резултатот (на таквиот систем во Русија) е недостатокот на контрола и рамнотежа, што му овозможи на еден човек да изврши целосно неоправдана и брутална инвазија на Ирак“, рече Буш, а потоа одмавна со главата и се поправи: „Мислам. , Украина“.