(ВИДЕО) Четиринаесет мртви во нападот на наркокартелот во мексиканска Виља Унион

Најмалку 14 луѓе се убиенио во судирот на наркокартел и полицијата во мексиканскиот град Виља Унион, близу границата со САД, пренесуваат во неделата локалните медиуми.

Претходно беше објавено за пет убиени вооружени мажи веројатни припадници на Североисточниот нарко-картел кои ја нападнале зградата на локалната администрација во општината Виља Унион. Според најновите податоци, во престрелката се убиени десет припадници на наркокартелот и четворица полицајци.

Владата на северната сојузна држава Коaхуила соопшти дека полицијката се судрила со припадници на Североисточниот картел кои пристигнале во општината Виља Унион, каде отвориле оган врз зградата на општинската администрација, како и врз полициската станица.ж

Во ова гратче со околу пет илјади жители околу 65 километри југозападно до градот Пиедрас Неграс, криминалците според изјави на очевидци, криминалците дошле во гратчето со околу пет илјади жители со седум возила и отвориле оган врз владините згради.

Кувернерот на државата Коaхуила, Мигуел Рикелме Солис, изјави за новинарите дека властите решително се спротиставиле на картелите и нивните убијци. Во заедничката операција на полицијата, армијата и обвинителството биле уништени дел од блиндираните и оклопни возила од кои напаѓачите отвориле оган. Во снимките на локалните телевизии беше прикажана муниција со голем калибар запленета во текот на операцијата.

Гувернерот додаде дека четворица полицајци се убиени, а уште шест се ранети, како и дека престралката траеле повеќе од еден час. Исто така, одреден број лица се водат како исчезнати.

Рикелме Солис ја дополни претходната информација дека напаѓачите дошле во гратчето со 14 возила, кои полицијата ги запленила, како и одредено колилество вооружување. Додаде дека се верува дека напаѓачите се членови на Североисточниот картел од сојузната држава Тамаулипас.

Државата Коахуила, која граничи со американската држава Тексас, има долга историја на смртоносно насилство во пресметките на бандите за контрола над криумчарските канали, иако бројот на убиствата таму е далеку помал отколку пред седум години.

Американскиот претседател Доналд Трамп на 26-ти ноември изјави дека планира мексиканските наркокартели да ги стави на листата со терористички организации, што може да послужи како повод САД еднострано да интервенираат во Мексико. Следната седмица американскиот врховен обвинител Вилијам Бар ќе го посети Мексико поради договор за соработка во областа на безбедноста.

Ваквите намери беа соопштени откако во оваа земја на 4-ти ноември беа убиени беа убиени девет жени и деца од американско-мексиканско потекло од мормонската заедница во северно Мексико.