ВИДЕО| Чудесната куќа на Ла Палма не ѝ одолеа на природата

Куќата којашто чудесно со денови ѝ одолеваше на вулканската лава која уништи стотици други околу неа на малиот канарски остров Ла Палма, сепак не издржа пред разорната моќ на природата, објавуваат во четвртокот шпанските медиуми.

Вилканот на јужниот островски планински венец Кумнре Виеха, еруптираше на 19-ти сепрември, првпат во 50 години.

Минатата седмица фотографии и видео снимки прикажуваа како лавата тече околу куќата во селото Ел Параисо (Рај). Куќата во типичен канарски стил била во сопственост на пензионеерска двојка од Данска, Раинер Кока и Инге Бергедорф, пушува тиражниот шпански дневен весник El Pais. Тие, поради епдиемиолошките рестриктивни мерки, не го посетиле островот од почетокот на пандемијата на коронавирусот.

„Сѐ е уништно. Сѐ загубивме на нашиот сакан остров. Ова е многу тажно. Инге и јас сме многу вознеирени“, изјавил за весникот Кока.

Доцна во вторникот лавата стаса до морето, спуштаќи се најмалку 100 мери низ стрмниот брег и испуштајќи отровни пареи. Властите во средата утрото го алармираа населението преку социјалните мрежи, предупредувајќи го да побара безбедни локации.

Фотографиите кои ги објави Шпансиот институт за океанографија прикажуваа порткалова вжарена маса од лавата која како слап се слева во Атлантскиот Океан. Утрото можеа да се видат големи облаци од испарувањето на морската вода, додека пирамидата од лавата се формирала крај брегот.

Потоците лава уништиле околу 600 кужи, присилувајќи илјадници жители да ги напуштат своите домови и нанесувајќи штети коишто првично во регионалната влада се проценууваат на неколку стотици милион евра.

Лавата ги уништила и стопански важните плантажи со банани во Ла Палма, кои диретно или индиректно се извор на приходите за половина од островското население. Потоците од лавата, исто така, ги уништиле и стаклениците во близина на брегот и ги затрупале полињата, што почвата ќе ја направи необработлива со децении.