(ВИДЕО) Чудесно спасување на Американец од авион при принудно слетување

На аеродромот во американскиот град Бока-Ратон, во сојузната држава Флорида, еден маж со чудо избегна авион кој поради проблеми тешко се приземји , се наведува во прилогот на теелвизијата WPTV.

Инцидентот се одиграл на 11-ти септември. Вработен во службата за одржување и поправка на авионите изнесувал отпадоци од хангарот во време кога авион од типот „Piper PA-28“ изведувал тешко принудно слетување.

Авионот имал проблеми поради кои пилотот веднаш по полетувањето почнал со атерирањето на аеродромот. По „тврдото“ приземјување наместо на пистата тој се урнал на паркингот зад хангарот на компанијата за опслужувања на леталата и се лизгало по земјата по што се во оградата. Мажот навремено забележал дека авионот му се приближува, и отскокнал настрана секунда пред ударот.

„Слушнав силен тресок и мислев дека станува збор за камион или нешто што на овој простор е нормално“, рекол аеродромскиот работник Рик Сејмор за телевизијата.

При ударот малиот авион практично се распаднал, но двајцата патници во него преживеале. Едниот од нив се здобил со полесни повреди и веќе е отпуштен од болница, додека другото лице е со повреди на вилицата и скршеници на нозете.