ВИДЕО Чудни звуци открија научниците на Антарктикот

Научниците открија мистериозни звуци на Росовата ледена бариера на Антарктикот. Се смета дека звукот настанал кога ветрот се одбива од снежните брегови и предизвикува вибрирање на подлогата.

Така настанатите вибрации формираат сеизмички тонови , толкуваат научниците. Звукот има премногу ниска фреквенција за човечкото уво и може да се слушне само со помош на соодветна опрема.

Научниците сметаат дека би можеле да ги користат овие вибрации и со нивна помош од далечина да ги следат промените на ледената бариера.

https://www.youtube.com/watch?time_continue=1&v=ijDzhjLUCAA