ВИДЕО: ЦК на ВМРО ДПМНЕ: Вонреден Конгрес на 22-ри и 23-ти декември

Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ одлучи партијата да оди на Вонреден конгрес.

Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на вечерашната седница донел одлука на 22 и 23 декември во Валандово да се одржи 16-тиот вонреднот конгрес на партијата.

Како што информираше генералниот секретар на партијата, Христијан Мицковски, Централниот комитет донесена е одлука и за бројот на делегати којшто изнесува 544.

Според извори од партијата, големо мнозинство од Централниот комитет гласало за одржување на Конгресот.

Одлуката да се свика Конгресот, неофицијално, ја поддржале 100 членови на партиското тело, 10 биле воздржани а 1 против. Со тоа партијата на 22- 23 декември оди на Конгрес.