ВИДЕО| Coldplay лансираа нова песна – во Вселената

Британскиот рок-состав Coldplay одбра вонземски начин да го одбележи објавувањето на својот нов сингл со наслов „Higher Power“ со емитувањето во Вселената.

Бендот кој се прослави со нумерите „Paradise“ и „Viva la Vida“ се поврза со Меѓународната вселенска станица (ISS) за во четвртокот ноќта да разговара со францускиот астронаут Тома Песке за животот во космосот.

Притоа со Песке ја споделија и снимената изведна на својата нова песна со помош на шарени вонземски холограми кои „танцуваа“ во ритамот, а францускиот астронаут пушти песната да ечи на орбиталната станица.

„Во овој момент не можеме да свириме за никого на Земјата, па помисливме да ти ја изведеме тебе. Тоа е концерт за еден човек“, му кажа Криста Мартин, пејачот на бендот на Песке во разговорот од кој снимката беше објавена во петокот.

Наскоро Coldplay ќе ја изведат нумерата на доделувањето на наградите за поп-музика Brit Awards на брегот на реката Темза во близина на лондонската „О2 Арена“ во којашто ќе се одржи церемонијата.