(ВИДЕО) ЦСКА му покажа на Баерн, Ефес го понижи Химки (ВИДЕО)

Кошаркарите на ЦСКА Москва излегоа како победници од вечерашната битка против Баерн Минхен во Евролигата.

Гостите од Русија славеа со 89-81 и со тоа покажаа како се игра против „баварците“ кои се најпријатното изненадување во досегашниот тек на сезоната.  Ова за „армејците“ беше петти триумф во низа, а во истиот лидер беше Џејмс со 25 поени и Милутинов со дабл-дабл ефект од 18 кошеви и 12 скокови.
Сега ЦСКА има ист учинок како вечерашниот противник од 7 победи и 3 порази.

Анадолу Ефес го понижи Химки на негов терен совладувајќи го со 105-77. Турскиот состав држеше темпо и ритам низ сите 40 минути, одигра квалитетно во нападот и со тоа дојде до триумфот број 5 во кампањата.

Ларкин и Плајс искомбинираа 38 поени, додека Мики и Тима реализираа по 13 за Химки.

Во третата средба Басконија беше подобра од Панатинаикос со 93-72.