ВИДЕО| Дали Ковачевски на Бадник правел планирана политичка пропаганда со деца

Премиерот Димитар Ковачевски кој во петокот објави видео-материјал од пречекот на коледарчиња во неговиот дом направил еден од двете можни нарушувања во текот на вчерашната пропаганда кога објави материјал на кој се гледаат деца.

Според македонските закони но и етичките правила Ковачевски морал да обезбеди согласнот од родителите за да ги објави ликовите на децата кои се појавуваат во скапиот спот за кој се користени најмалку две камери или децата се враќани два или повеќе пати за да се сними спотот.

Ако не добил потпис од родителите за да ги објави коледарчињата Ковачевски може да биде тужен.

Ако пак добил согласнот од родителите тогаш премиерот и неговиот тим за пропаганда признаваат дека пречекот на коледарчињата не бил воопшто спонтан во духот на христијанската традиција туку дека се работи за местен ПР настан кој на Ковачевски требало да му донесе политички поени.