ВИДЕО: Даниел се оправда, бил на интервју

Многу прашина за ништо се крена денеска околу отсуството на Даниел Кајмакоски од прес конференцијата заедно со Кики Лесандриќ и Тамара Милановиќ.

Првично беше кажано дека го нема во хотелот и цела ноќ го немало, потоа дека го застанале група на обожавателки и дека не можел да стигне, од продукцијата кажаа дека немал покана за учество на прес конференцијата, порталите пишуваа дека тој плаче во соба бидејќи никој не му кажал дека треба да дојде на пресот на кој го најавија спектакуларниот концерт на 14 март.

Многу информации, многу зборови., но ниту една не се поклопува.

Во изјава за „Бекстејџ“ Даниел појасни дека утринава бил на интервју и дека му се јавил на Кики дека ќе задоцни на пресот. Чудно е што токму Кики во 11 часот не знаеше каде е Даниел, па насмеано кажа дека тој заглавил со некоја девојка по „Златна бубамара на популарноста“.

Па, каде бил Даниел утринава, само тој си знае!