(ВИДЕО) Дарко Панчев шутира пенал… Црвена ѕвезда е европски шампион

На денешен ден во 1991 година Дарко Панчев и Илија Најдоски кои во далечната со Црвена ѕвезда се искачија на европскиот трон.

Беше 29 мај кога Панчев на стадионот „Свети Никола“ во Бари стана бесмртен во фудбалската историја, постигнувајќи го последниот погодок од пенал по кој Црвена ѕвезда стана европски првак. Противник на црвено-белите во финалето беше францускиот Олимпик Марсеј, а мечот по 90 минути и дополнителните 30 минути немаше погодоци, па мораше да се изведуваат пенали.

Роберт Просинечки, Драгиша Биниќ, Миодраг Белодедиќ и Синиша Михајловиќ погодуваа за Ѕвезда, а последен на листата беше Панчев. Аморос промаши за Олимпик и тоа значеше дека доколку Панчев погоди, Ѕвезда ќе биде европски првак. Популарната Кобра не згреши и ја однесе Ѕвезда на европскиот престол.