(ВИДЕО) Даскаловски го користи службеното возило да товари седнвичи за членовите на СДСМ на „маршот за правда“

Во текот на вчерашниот ден веб-сајтотр Инфомакс.мк објави анкета од „маршот за правда“ на СДСМ низ скопските улици. При анкетата, велат од Инфомакс, имавме шанса да разговараме со високи функционери на СДСМ, но и со обични граѓани, а тие имаат еден заеднички именител – не се задоволни од правдата во нашата држава.

Можеби најнезадоволен беше Марјан Даскаловски, директор којшто важи за еден од најблиските луѓе од доверба на Зоран Заев, претседател на општинската организација на СДСМ во Струмица, но и покрај неговата блискост со Зоран Заев тој не можеше да не се согласи со уредникот на Инфомакс за незадоволителното ниво на правда во Република Македонија. Тој не е задоволен од бегството на убиецот Нешковски, ниту, пак, е среќен што неговата матична партија коалицира со Сашо Мијалков и Крсто Мукоски.

Сепак тоа не единственото скандалозно нешто на смиката. Даскаловски на митинг пристигна со службеното возило „пасат“, нешто што го потврди, за веднаш потоа да демантира и да каже дека имал службено работа. Сепак, на видеото одлично се гледа како во возилото се товарат сендвичи.