ВИДЕО: Дедо Мраз застрелан во Вашингтон

Во една од поопасните населби во Вашингтон, напаѓач вчера застрелал и ранил локален жител кој облечен како Дедо Мраз дошол да им подели божиќни подароци на сиромашните деца.

Хавиер Хокинс се шетал по улиците на населбата Бери Фарм, придружуван од камери и деца, кога непознат човек му пукал во грбот со воздушна пушка.

На снимките на камерите јасно се гледа како веселиот Дедо Мраз застанува и со пискотници паѓа на земја. Но, ни повредата не му го расипа празничното расположение на добриот Дедо Мраз.

Но, сепак, околу 600 деца од населбата ги добиле своите играчки, собрани како хуманитарна донација, но место Дедо Мраз, подароците ги поделил човек облечен како Гринч – божиќниот негативец од приказните.