(ВИДЕО) Дедо шверцувал кокаин во сувенири од Диего Марадона

Турската полиција запленила 2,5 килограми кокаин на аеродромот во Истанбул, скриен под карикатури од фудбалска легенда Диего Марадона.

Патникот со сомнителното однесување на терминалот на лет од Колумбија го привлекол вниманието на турските цариници. Неговиот багаж бил поминат низ рендгенско снимање, а потоа и однесувањето на обучените кучиња предизвикало сомнеж.

Кога сфатиле дека постерите од Марадона имаат „необична густина“, под нив биле најдени плочки кокаин вреден 250 илјади долари.

Шверцерот бил 72-годишнен германски државјанин со хрватско потекло, кој бил уапсен.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.