ВИДЕО| Демонстранти бараа затворање на американската база во германски Рамштајн

Неколку илјади луѓе уште еднаш протестираа во неделата во близина на американската воздухопловна база Рамштајн во германската сојузна покраина Рајнска област-Пфалц барајќи нејзино затворање.

На протестот присуствувале околу 2.500 лица, според процената на локалната полиција која додава дека собирот во целина минал без инциденти и мирно.

На видео-материјалите објавени на социјалните мрежи се забележуваат натписи со кои се бара затворање на базата во Рамштајн и пароли „Ami go home“, односни „Американци одете си дома“, што стана главното мото на протестите кои по ист повод повремено се одржуваат повеќе од една година.

Истовремено на протестот се бараше итно одржување мировни преговори за запирање на војната во Украина, а некои учесници како и на вчерашниот протест во Берлин за запирање на испораките на оружје од Германија за Киев, носеа руски и знамиња на одметнатите „народни републики“ од југоисточните проруски украински региони Доњецк и Луганск.

Собирот во Рамштајн го организираа десетици мировни движеа од Германија, Австрија и Швајцарија, но доби поддршка и од приврзаници на десни движења, поборниците на теориите на заговор и активисти кои се противат на вакцините.

Организаторите од бината истакнаа дека во сегашните времиња политичката припадност на луѓето повеќе не игра никаква улога, како и дека таквите локации како базите Рамштајн или Бихел, каде се разместени американските нуклеарни проектили, може да станат цели при ескалација на конфликтите, особено во заднината на украинската војна. Протестната поворка заврши пред капијата на воздухопловната база во неделата попладнето.

Споменатата воздухопловна база во северна Германија е најголемото упориште на американските воздухопловни сили надвор од САД и нивно седиште во Европа (United States Air Forces in Europe, USAFE), а истовремено е база и на НАТО силите. Во базата се распоредени 15.000 војници и околу 30.000 граѓански лица од разни специјалности.

Покрај тоа, Рамштајн е и една од двете воени бази во Германија за кои се верува дека се складирани нуклеарни боеви глави. Од 2011 година во базата е лоциран 603-от Центар за воздушно-космички операции кој ги координира и управува операциите на американските беспилотни летала во Ирак, Авганистан, Сомалија, Јемен и Пакистан.

Според некои медиум, од оваа база во која се одржуваат состаноците на контактната група земји за воена помош на Украина, се планираат и изведуваат борбените операции на украинската војска на боиштето.

Истовремено во Берлин по вчерашниот собир против вооружувањето на Украина, во неделата продолжи акцијата на берлинци кои масовно се цвеќе ги прекриваат тенкот кој пред амбасадата на Русија го поставија проукраинските активисти кои го попречувале ставањето цвеќиња и се обидувале да ги отстранат.

Според медиумите на местото на настанот се појавил и новинарот Виланд Гибел автор на книга која го слави националсоцијализмот по чијашто идеја е поставен германскиот тенк пред амбасадата на Русија. За да го спречи понатамошното прекривање на тенкот со цвеќе, тој поставил ограда пред тенкот велејќи дека тоа е „негов изложбен проект“ и дека доколку Украинците не сакаат цвеќиња =, тогаш тие не треба да бидат таму.