(ВИДЕО) Десет семејства останаа без дом во пожар во Петровец

Десет семејства во општина Петровец крај Скопје изутрината во петокот останаа без своите домови, откако пожар ја изгоре импровизираната барака во која живееја, објави Сител.

Во несреќата нема повредени лица, а благодарение на брзата интервенција на пожарникарите огнот е ставен под контрола, без опасност да се прошири кон останатите куќи. градоначалникот на општината вети помош за лицата и фамилиите кои го изгубија домот.

Засега не се знаат причините за избувнувањето на пожарот, кој се случи во бошњачката населба во општина Петровец.