(ВИДЕО) Десетици полицајци од Бафало истапија од единицата поради суспендирање на двајца колеги

Сите 57 припадници на тактичката единица на полицијата Бафало во американската сојузна држава Њујорк, истапија од оваа единица во знак на протест против суспендирањето на двајца нивни колеги кои биле снимени како на земја турнале 75-годишен демонстрант, објавија локалните медиуми во петокот.

Двајцата полицајци од Бафало беа суспендирани во четвртокот без плати, откако се појави видео-снимка во која на земја туркаат 75 годинишен маж на протестите за полициското убиство на афроамериканецот Џорџ Флојд на 25-ти мај, кои се изродија со деветта ноќ насилни безредија со грабежи, убиства, подметнувања пожари и судири со полицијата.

Локалните медиуми ја пренесоа изјавата на претседателот на здружението на полицајците на Бафало, Џон Еванс, дека полицајците само ја работеле својата работа и дека нивните колеги истапиле од оваа специјална единица протестирајќи поради односот кон нив. Полицајците, меѓутоа, остануваат во полициска служба, известуваат медиумите.

Видеото кое ги снимил новинар на локалната радио станица WBFP и го објавил на својата веб-страница и на Twitter, покажува како возрасен маж им приоѓа на припадниците на интервентната полиција. Еден го турнува со палката а друг со рака, а потоа се гледа како тече крв од неговата глава.

Видеото од Бафало покажува како повеќето полицајци заминуваат откако паѓа мажот, иако полицаецот кој го соборува со палката се наведуван над него пред да го однесе друг полицаец. Се слуша и дека некој повикал брза помош.

Радиостанициата извести дека двајца лекари дошле и му помогнале на повредениот маж. Тој е стабилен но хоспитализиран во сериозна состојба, изјави градоначалникот на Бафало, Бајрон Браун.

„Многу ме вознемири снимката. По мирните протести и неколку состаноци меѓу мене, водството на полицијата и припадници на заедницата, синоќешниот настан беше обесхрабрувачки“, рече Браун.

Полицијата по инцидентот соошти дека мажот се повредеил откако се лизнал и паднал. Но откако ја видел снимката, шефот на полицијата во Бафало, Бајрон Локвуд, наредил истрага и ги суспенрираше двајцата полицајци, додаде градоначалникот Браун.