(ВИДЕО) Десетина лондонски полицајци повредени при растутање нелегална забава

Единаесет припадници на полицијата на британската полиција се повредени при обидот да растурат незаконска забава ноќта кон саботата во лондонските региони Хамерсмит и Фулам, соопшти во саботата вечерта полицијата.

Полицијата интервенирала откако локалните жители се пожалиле на присуство на многу лица, бука и несоцијално однесување и тепачки во квартовите Хамерсмит и Фулам. Учесниците на неодобрениот музички настан ги дочекале полицајците со негодувања и фрлале со тули и други предмети врз нив.

Според полицијата, 11 полицајци се повредени при растурањето на нелегалната забава. Иако нема сериозно поврeдени, двајца полицаји биле пренесени во болница со скршеници на коските.

Во врска со инцидентот започната е истрага, но засега нема приведени.

„Се наоѓаме во процес на идентификување на вмешаните во насилствата и безредијата изминатата ноќ. Претстојат апсења, но истрагата е во тек“, изјави главниот инспектор на лондонската полиција.

Британски полицајци последниот период се често напаѓани додака интервенираат да ја растераат толпата на нелегални ноќни журки, особено во западниот дел од Лондон, а синоќешниот е веќе трет голем ваков инцидент во последните две седмици.

Во периодот кога Велика Британија ги ублажува строгите мерки за карантин, полицијата мора да се справува со бројни илегални забави кои се организираат ширум земјата.

На 22-ри јуни ноќта 22 полицијаци беа повредени, а многу полициски возила вандализирани кога избувна судир на непријавен музички настан во Брикстон, во јужен Лондон.

Дополнителни полициски сили беа ангажирани ноќта кон петокот на 26-ти јуни, но повторно беа нападнати во Нотинг Хил во западен Лондон, каде се одржувале повеќе непријавени музички настани кои биле масовно посетени.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.