ВИДЕО: Дете се разбуди во ковчегот пред погребот

Тригодишно девојче оживеа додека нејзините неутешни родители се простуваа од неа во црква во едно филипинско село.

Девојчето во саботата е прогласено за мртво откако поради треска и висока температура е примено во болница.

Во целиот случај се вклучи и полицијата и веднаш е покрената истрага. Голема среќа е што девојчето не е закопано живо, а за тоа најзаслужен е еден сосед кој ја тргнал покривката од нејзиното лице.

Во тој момент видел дека детето се мрда и кренал паника. Откако таткото ја зел во прегратка и дале малку вода и веднаш ја однеле во болница.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.