(ВИДЕО) Девет исчезнати во поплавите на југоистокот на Франција

Најмалку девет лица, меѓу кои двајца се пожарникари, исчезнале недалеку од Ница откако големите дождови предизвикале поплави, соопшто во саботата порталот Franceinfo, повикувајќи се на локалните власти.

Францускиот премиер Жан Кастекс и министерот за внатрешни работи Жерал Дарманен пристигнаа во саботата во Ница за да направат увид во состојбата на погодениот депарман Маритим-Алпс. По состанокот на кризниот штаб во Париз, министерот Дерманен испрати хеликоптер и дополнителен број пожарникари како испомош.

Градоначалникот на Ница, Кристијан Естроси, изјави дека невремето предизвикало значителни штети. „Нѐ погоди катастрофа каква што никогаш не сум доживеал“, рече градоначалникот.

На населението од југоисточниот дел од регионот му е препорачано да остане во своите домови, откако поплавите предизвикаа сообраќаен хаос. Во невремето силниот ветер однел цел мост. Без снабдување со електрична енергија останале околу 13.500 домаќинства.

Во меѓувреме бурата Алекса во северозападна Франција, во регионот Бретања, исто така, предизвика голема штета и предизвика вистински хаос, а без струја останале околу 30.000 жители. На островот Бел-Ил-сур-Мер забележани се налети на ветрот од 186 километри на час.

Девет исчезнати во поплавите на југоистокот на Франција