20.8 C
Skopje
четврток, март 28, 2024

(ВИДЕО) Девојче жртва на ураганот Лора во САД

Во државата Луизијана веќе се потврдени и првите три жртви .Прво загинало 14- годишно девојче , кога дрво паднало врз семејната куќа.

Освен Луизијана , опасност му се заканува и на Тексас , а ќе биде погоден и Арканзас.

Метеоролозите го опишаа како „исклучително опасен“ ураган. Во текот на изминатите неколку часови ураганот ослабе во категорија 2. Многу згради се оштетени, еден град е целосно поплавен, а стотици илјади луѓе се без електрична енергија.

Националната гарда на Луизијана започна со расчистување на патиштата во делот на државата низ кој поминал ураганот.

Националниот центар за урагани известува дека сè уште се очекуваат силни и опасни ветрови, иако ураганот ослабе.

Сега има повеќе од 600,000 луѓе без електрична енергија во Тексас и Луизијана.

Претседателот Трамп наскоро треба да добие извештај за штетата досега предизвикана од ураганот Лора.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.