ВИДЕО: Девојчето кое живее со 30 змии

Иако повеќето девојчиња на нејзина возраст си играат со кукли, ова мало девојче си игра со змии.

Американката Криста Гуарино од Детроит живее со 30 змии меѓу кои се и анаконда и питон од речиси четири метри. Деветгодишната Криста јаде, спие и си игра со рептилите.

Иако љубимците ја каснале неколку пати, таа вели дека не боли и дека не се отровни. Таа вели дека воопшто не се плаши од нив и дека го обожува нивното друштво.

Криста рано се сретнала со змиите бидејќи нејзиниот татко Џејми  е стручњак за рептили. На само  две години ја држела првата змија.

“Змија“ и беше меѓу првите зборови што ги изговори. Иако беше малечка, знаев дека тоа ќе стане нејзина страст“, вели гордиот татко.

За време на летните празници, Криста му помага на таткото на фармата за рептили. Не се плаши ниту да ги храни алигаторите. Заедно бараат и чегртуши, едни од најотровните змии на светот.

Меѓутоа љубовта на Криста не ја дели и мајката Ешли (28) и другите две деца. Вели дека ги мразела змиите додека не го запознала Џејми, но со тек на време се навикнала на нив.
)