(ВИДЕО) Дезинфекциски тунел го штити Путин од коронавирусот

Рускиот претседател Владимир Путин од новиот коронавирус е штитен со посебен дезинфекциски тунел низ кој мора да минат сите кои му доаѓаат во посета во резиденцијата крај Москва, известува новинската агенција РИА.

Специјалниот тунел, кој го дизајнирала компанија чиешто седиште е во градот Пенза, е поставена во официјалната претседателска резиденција во Ново-Огарјево.

Демонстрациската снимка од тунелот кој го објави РИА во вторникот прикажува луѓе со заштитни маски како минуваат низ него додека од горе од странат ги прска „фина водена магла“, односно дизифисиенс кој ја прекрива облеката на лиѓето и секој изложен горен дел од телото.

Дмитриј Песков, портпаролот на Кремљ, во април изјави дека сите кои се среќаваат со Путин мора да минат тестирање на новиот вирус. Според него, Владимир Путин целосно не ги исклучи директните контакти, туку ги минимизирал и сите се одвиваат зачувувајќи ја социјалната дистанца. Но агенцијата потсети дека еден месец подоцна Песков објави дека е заразен со коронавирусот.

Русија бележи повеќе од 545.000 заразени со коронавирусот, со што е третата земја во светот по САД и Бразил. Но Русија бележи 7.284 починати од Covid-19, што е многу помалку од другите земји.