8.8 C
Skopje
сабота, април 20, 2024

(ВИДЕО) Ди Каприо и Де Ниро потврдија дека ќе глумат заедно во филм на Мартин Скорсезе

Роберт Ди Ниро е годинашниот добитник за животно признание од Американското здружение на филмски актери, и беше  претставен од Леонардо Ди Каприо, кој последен пат глумеше со Де Ниро во 1993 година во филмот „Животот на ова момче“.

Во својот говор, Ди Каприо се осврна на плодната соработка на Де Ниро и режисерот Мартин Скорсезе, кој ни ги даде култни достигнувања, како што се ,,Такси возачот”  и ,,Разбеснетиот бик” во текот на изминатиот половина век, додека неговото последно дело е овогодинешниот номиниран за Оскар за најдобра слика, ,,Ирецот” .

“Научив многу од обајцата (Де Ниро и Скорсезе). Среќен сум што ги нарекувам мои соработници. Боб уште од снимањето на момчето Марти од ,,Бандите на Њујорк”. Вистинска чест е повторно да ја имам можноста по 30 години да глумам заедно со Боб во претстојната драма на Мартин Скорсезе, ,,Убијци на цветната месечина” , објави Ди Каприо.

Следното достигнување на Скорсезе ќе се заснова на книгата на Дејвид Гран „Убијци на цветната месечина: Убиствата во Осаж и раѓањето на ФБИ“, пренесува УНИЛАД.

Филмот се одвива во 1920-тите и ја раскажува приказната за семејство на американски домородци од племето Осаж, кои некогаш биле најбогати луѓе на светот благодарение на нафтата пронајдена на нивната територија.

Нафтената грозница во текот на првата четвртина од 20 век предизвика масакр на припадниците на племето Осаж, што доведе до еден од првите случаи на ФБИ.

За Ди Каприо, ова ќе биде шестиот филм што ќе го направи со Скорсезе, првиот по ,,Волкот од Вол Стрит” во 2013 година.