(ВИДЕО) Ди Марија од корнер за нов триумф на ПСЖ

Во натпреварот од четвртото коло на француското фудбалско првенство актуелниот шампион Пари Сен Жермен на гостувањето го совлада Нимс со 4:2, постигнувајќи ја и четвртата победа во низа сезонава.

Мечот беше доста интересен, бидејќи домашните успеаја да го анулираат водството на ПСЖ од 2:0, но гостите во самиот финиш сепак го скршија отпорот на Нимс.

Речиси целиот напад на ПСЖ постигна по еден погодок – Нејмар во 36, Анхел Ди ;арија во 40, Килиан Мбапе во 77 и Единсон Кавани во втората минута од судиското продолжение, додека за Нимс головите ги постигнаа Бобишон во 63 и Савание во 71 минута од пенал.

На крајот од мечот и двете екипи останаа без еден играч, откако Савание доби црвен картон поради груб старт врз Мбапе, а вториот беше исклучен од игра бидејќи потоа го удри противникот.

Наујубавиот момент на натпреварот се случи во 40 минута кога Аргентинецот Ди Марија постигна погодок директно од корнер.

Изненадувањето на сезоната Дижон по трите победи на стартот го доживеа и првиот пораз сезонава, и тоа пред своите навивачи. Каен со головите на Енцо Кривели во 21 и Клаудио Бевуе во четвртата минута од судиското продолжение славеше со 2:0.

Анжер дома го победи Лил со 1:0, а решавачкиот погодок го постигна Исмаил Траоре во 60 минута. Гостите од 64 минута имаа играч повеќе кога беше исклучен Томас Мангани, а две минути подоцна и не реализираа пенал кој го промаши Лои Реми.

Гинган дома беше поразен од Тулуз со 1:2. Гостите имаа сигурно водство постигнато преку Градел во 2 и Сангар во 12 минута, но на самиот крај на првото полувреме домашни успеаја да намалат преку Турам, и тоа беше конечниот резултат.

Рем исто така забележа домашен пораз, од Монпелје за кој стрелец беше Ојонго во 77 минута/

Нант со 3:2 против Стразбур ја продолжи серијата на успеси на гостите во саботната програма. Домашните поведоа преку Ажорк во 21 минута и потоа дури во 81-та Да Коста го ублажи поразот, додека гостите прво израмнија со автоголот на Митровиќ во 34 минута а пресвртот го направи Евангелиста во втората минута од судиското продолжение на првото полувреме, а Сала зголеми на 3:1 во 59 минута.

На табелата води ПСЖ со максимални 12 бодови, Дижон и Тулуз имаат по 9, а Лил и Монпелје по 7 бодови.