ВИДЕO| Директорот на ГТЦ, забранил новинарите да го следат незадоволството на дуќанџиите од крадењето струја

Ѓоко Трајчевски, директор на скопскиот Градски трговски центар (ГТЦ), веројатно соучесник во копањето на милионски суми биткоини на државна струја, забранил новинарите да ги снимаат незадоволните дуќанџии кои бараат одговори за скандалот со “риг-фармата” на советникот од листата на СДСМ, Габриел Бајрам, објави на социјалните мрежи пратеникот Антонио Милошоски во петокот.

Министерството за внатрешни работи во вторникот спроведе акција во подрумските простории на ГТЦ во Скопје, поради дојава дека во подрумите на трговскиот центар се ископувале криптовалути на див приклучок на струја. А, неофицијалните информации укажуваа на тоа дека синот на починатиот пратеник Амди Бајрам, советник на градската листа на СДСМ.

Набрзо од МВР, откако претходно ги повлелек полициските службенции, објавија дека истрагата наводно покажала дека нема никакви злоупотреби, бидејќи, струја не се крадело а копањето криптовалути не е кривично дело, туку само не е регулирано со закон. Оттаму велат дека се извршени разговори со одговорни лица на ГТЦ и со претставници од ЕВН, при што полицијата утврдила дека за броилата за кои вели дека се во приватна сопственост, не е утврдена каква и да е кражба на електрична енергија.

Меѓутоа, од ЕВН појаснија дека компанијата носи струја до главната трафостаница на Градскиот трговски центар, а самиот ГТЦ потоа ја распределува електричната енергија до сопствениците и до закупците на деловен и магацински простор.

„Тоа значи дека делот на мрежата која е во сопственост на ЕВН, уредно ја регистрира и ја фактурира потрошувачката на ГТЦ. Останатиот дел од мрежата, односно внатрешната инсталација, не е во сопственост и надлежност на ЕВН“, наведено е во одговорот од ЕВН.

Директорот на ГТЦ, Ѓоко Трајчевски, до денеска не беше достапен за медиумите да одговори како се врши распределбата и фактурирањето на трошоците на потрошената струја во целиот објект.

Дел од медиумите објавија дека вкупно 2,4 милиони евра за три години има потрошено ГТЦ за набавка на електрична енергија од добавувачот „Енерџи Актив“. Претпријатието ГТЦ за последната набавка на електрична енергија исплатила 765.000 евра, и притоа цената за потрошен мегаватчас е фиксна и изнесува 3.693 денари, покажуваат податоците од договорот за јавна набавка објавен на Бирото за јавни набавки. Тоа значи дека ГТЦ АД од „Енерџи Актив“ купува еден киловатчас во вредност од речиси 3,7 денари, но според сметките сопствениците на дуќаните во ГТЦ преку фактура плаќаат по 15,9 денари од потрошен киловатчас.

„ Компјутерската опрема во изнајмените простории во ГТЦ е согласно законот, увезена е во нашата земја и уредно е платена царина. Изнајмениот подрумски простор се користи како магацински простор каде што се врши сервисирање на компјутерската опрема, а потоа сервисираната опрема се подготвува за извоз“, изјаво во средата претставникот на семејството Бајрам, Сеат Исмаил.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.