ВИДЕО| Дивјачко однесување на Адеми од ДУИ во Собрание

Насилничко однесување на Арбен Адеми, преседателот на Комисијата за европски прашања. Тој изгуби контрола за време на седница и физички почна да ги напаѓа пратениците, викајќи и навредувајќи ги присутните.
Имаше вербална кавга со Антонио Милошоски, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, кого го удри со пластично шише.
Четворица вработени во Собранието притрчаадо него  и се обидуваа да го смират. По тензичната ситуација го изнесоа надвор од салата.
Видеото предизвика бројни коментари по социјалните мрежи:
-„Срамота, ништо ново за Македонија!“
-„Анархија, што сакаат прават“
-„Избори, готови се“
-„Лудницата подиве… Зошто не му покажавте на лудакот како се постапува со лудаци?“, се само дел од ФБ коментарите на граѓани.
Адеми е поранешен министер во Министерство за образование и наука на Македонија и пратеник во Собранието од редовите на ДУИ.