(ВИДЕО) Дневно по 20 повредени на првите ескалатори во Камерун

Во повеќето земји тоа што е нормално во 21 век, сепак во некои делови од земјината топка тоа се смета за револуционерно.

Францускиот ланец супермаркети „Карфур“ постави ескалатори во трговски центар во Камерун, но тие предизвикуваат 20 несреќи секој ден.

https://www.youtube.com/watch?v=fXTPmjGCCLY&feature=emb_logo

Ескалаторите не се нешто што често се гледа во Камерун, поради што луѓето во оваа земја не знаат ни да ги користат – всушност, постои страв дека луѓето не знаат како да стојат на скалите.

Ова го покажуваат и снимките на социјалните мрежи, на кои се гледа како луѓето паѓаат едни врз други, може да се слушне врескање, додека некои дури не се осмелуваат да ги згазат.

Според медиумите, дури 20 несреќи се случуваат секој ден, а чуварите во трговските центри се обучени како да се справат со повредите доколку се појават.

Овие снимки покажуваат и нееднаквост на глобално ниво – нешто што се користи во секојдневниот живот во некои земји, се смета за револуционерно во Камерун.