(ВИДЕО) Додека премиерката се обраќаше во живо, се случи земјотрес

Во време кога земјотрес со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала го погоди Нов Зеланд, премиерката Џасинда Ардерн во живо даваше интервју за телевизијата „Њузхаб“.

Камерата ја забележа реакцијата во текот на потресот. Таа го прекина интервјуто и објасни што во моментот се случува.

„Се чини дека имаме земјотрес. Добро се тресе, видете ги работите околу мене“, рече Ардерн во текот на интервјуто.

Рече дека е на сигурно место и дека над неа нема рефлектори.

Земјотресот синоќа го погоди Велингтон во Нов Зеланд нешто околу 20 часот по македонско време. Епицентарот беше на 90 километри северно од градот.