ВИДЕО| Дончиќ им одржа лекција на Лејкерси

Лос Анџелес лејкерс продолжуваат со разочарувачките игри сезонава, а утринава без Леброн Џејмс во составот беа немоќни да му се спротивставата на Далас.

Лука Дончиќ со трипл-дабл ги предводеше Маверикс до триумф од 128-110. Словенецот имаше 34 поени, 12 скока и 12 асистенции. Кај Лејкерс најдобар беше Малик Монк со 28 поени, додека Расел Вестбрук имаше 25 поени. Со овој пораз тимот од Лос Анџелес падна на 11.место на табелата на Западот и е надвор од доигрувањето за влез во плејофот.

Се одигра возбудливо дерби на Истокот, каде актуелниот шампион Милвоки во драматична завршница славеше на гости кај Филаделфија со 118-116. Јанис Адетокумпо беше фантастичен за гостите и постигна 40 поени со 14 скока, а имаше и клучна блокада во последните секунди против Жоел Ембид. Џејмс Харден со 32 поени најмногу се истакна кај Сиксерс.

Кевин Дурент со 41 поен и 11 скока го водеше Бруклин до победа од 130-123 против Детроит. На останатите натпревари, Лос Анџелес клиперс со 121-115 славеше против Јута,  а Чикаго како гостин го совлада Вашингтон со 107-94.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.