(ВИДЕО) Дончиќ најавува нова одлична сезона, за само 26 минути постигна 23 поени

Во пресрет на новата НБА сезона се играат пријателски средби. Далас ја совлада Филаделјфија со 118:115, а словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ имаше одлична партија. За 26 минути на паркетот постигна 23 поени, додавајќи седум скокови и шест асистенции.

Oсвен Дончиќ, добар натпревар имаше и Криштапс Порѕингис, кој постигна 17 поени и 12 скокови.