(ВИДЕО) Дончиќ со 17-ти „трипл-дабл“ за победа на Далас!

Далас после едно продолжение успеа да го скрши отпорот на Милвоки совладувајќи го со резултат 136:132.

Маверикси на две минути пред крајот имаа седум поени негатива, но успеаја да ја стопат предност на Бакси и се изборат за продолжение, а лидер во клучните моменти на паркетот беше Лука Дончиќ.

Словенечкиот репрезентативец се истакна со 36 поени, 19 асистенци и 14 скокови, тоа е и воедно и најголемиот број на асистенции во неговата кариера на еден натпревар, а исто така се израмни со рекордот од оваа сезона кој го држи Леброн Џејмс.

Дончиќ беше следен од Фини-Смит со 27 поени, 11 скокови и пет асистенции, а дабл-дабл учинок забележа и Кристапс Порзингис со 26 поени и 11 скокови.

На спротивната страна Јанис Адетокунбо се истакна со 34 поени, 13 скокови и 11 асистенци. Далас е седмопласиран на Западот со 42 победи и 30 порази, а Милвоки е лидер во Источната конференција (55-15).

НБА, резултати:

Портланд Трејл Блејзерс-Лос Анџелес Клиперс 117:122
Денвер Нагетс-Јута Џез 134:132
Индијана Пејсерс-Лос Анџелес Лејкерс 116:111
Мајами Хит-Феникс Санс 112:119
Далас Маверикс-Милвоки Бакс 136:132