(ВИДЕО) Дончиќ со вонсериско движење на паркетот го излуде Адебајо

Лука Дончиќ на најдобар можен начин одговори на слабите партии за кои и самиот се критикуваше, такашто изминатава вечер забележа едно извонредно издание против актуелниот вицешампион во НБА лигата.

Тимот на Мајами беше комплетно надигра на гостувањето кај Далас, а во победата од 93:83, во прв план се најде младиот Словенец кој натпреварот го заврши со 27 поени, 15 скокови и 7 асистенции.

Лука беше најефикасен кошаркар на паркетот и претставуваше вистинска напаст за противничката одбрана, па дури имаше решение и за еден од најдобрите дефанзивни играчи во НБА лигата.

Бем Адебајо беше човекот кој најчесто беше задолжен за чување на Дончиќ, но во една ситуација беше до толку измрдан од страна на противникот, што не знаеше каде се наоѓа топката.

Дончиќ презентираше вонсериско движење и со кошаркарски танц го „измести“ противникот, па сосема заслужено стана вистински хит на социјалните мрежи.

НБА РЕЗУЛТАТИ

Шарлот – Мемфис 93:108

Далас – Мајами 93:83

Детроит – Бостон 96:93

Бруклин – Атланта 96:114

Милвоки – Чикаго 126:96

Минесота – Вашингтон 109:130

Сан Антонио – Л.А. Лејкерс 103:109

Денвер – Феникс 103:106

Јута – Л.А. Клиперс 106:100

Голден стејт – Портланд 98:123