(ВИДЕО) Досега 30 загинати, а Црвениот крст информира за над 2.000 настрадани во Бејрут

179

Челникот на либанскиот Црвен крст објави во вторникот вечерта дека досега се регистрирани 2.200 повредени во моќната експлозија којашто одекна во полнадневните часови во пристаништето на Бејрут, но предупреди дека оваа бројка не е конечна.

Телевизијата Al Hadath, пак, повикувајќи се на свои извори во здравствените служби на Бејрут, информира за повеќе од 3.000 повредени.

Истовремено либанското министерство за здравство соопштило дека досега се регистрирани 30 жртви во големата несреќа, пренесува телевизискиот канал OMV на својот акаунт на Twitter.

Либанскиот телевизиски канал LBC го цитираше либанскиот министер за здравство Хамад Хасан, кој изјавил дека експлозијата предизвикала „голем број настрадани“ и „огромна материјална штета“.

Експлозијата предизвикала огромни материјални штети на околните згради и инфраструктура. Засега се проценува колкава вкупно површина од градот е зафатена од експлизијата и пожарот.

Во тек се пресметките на бројот на жртвите и повредените, а аматерските видео-материјали објавувани на интернет од местото на несреќата, покажуваат крвави тела со раскината облека, некои прекриени со остатоци од објекти.

Либанската Национална новинска агенција (NNA) пренесува дека во тек е обемна спасувачка операција, во која се пријавени исчезнати најмалку 10 пожарникари.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.