(ВИДЕО) Драгиќ и Батлер ги преслушаа Пејсерси, Мајами прв поведе во серијата

Кошаркарите на Мајами Хит ја совладаа Индијана Пејсерс во комплексот Дизни во Орландо во првиот натпревар од првото коло од плеј-офот на Источна конференција (113-101). Екипата од Флорида влезе во плеј-офот од петтото место, но предводени од Џими Батлер и Горан Драгиќ, веќе во првиот натпревар покажа дека Пејсерси, кои беа подобро пласирани, ќе имаат тешка задача да ги елиминираат „жешките“.

Натпреварот изгледаше рамноправен во првото полувреме. Индијана во два наврати имаше предност од по осум поени, но Мајами одигра многу подобро во вториот дел од втората четвртина и отиде на паузата со +4 (56-52).

Во средината на третиот период, екипата на тренерот Ерик Слелстра прва обезбеди двоцифрена предност (72-62). Сепак, Пејсерси влегоа во последниот квартал со само поен заостанување (81-80). Индијана го презеде водството по долго време, но финишот му припадна на Мајами, кој со нова серија дојде до победа од дванаесет разлика.

Батлер беше најефикасен со 28 поени (8/15 од игра, 10/12 слободни фрлања), збогатени со три скока и четири асистенции. Драгиќ го следеше со 24 поени (9/19 од игра, 4/9 за три поени), шест скока и пет асистенции за 34 минути игра. Ти-Џеј Ворен и Малком Брогдон постигнаа по 22 поени, а проблем за Индијана беше повредата на Виктор Оладипо, кој на теренот мина само девет минути.

Пласманот во полуфиналето на конференцијата ќе обезбеди екипата која прва ќе оствари четири победи.

https://www.youtube.com/watch?v=Nf91FsRiKBA&feature=emb_logo