Лидерот на Српското движење за обнова, Вук Драшковиќ, по повод претепувањето на братот на премиерот Александар Вучиќ и неговото обезбедување, наведува дека го потсетува на годините кои сметал дека се зад нив.
„Снимката на која се гледа како крвничко го претпеуваат Андреј Вучиќ и уште тројца луѓе, кои не пружале отпор мене не потсети на оние години за кои наивно се надевавме дека се далеку зад нас. Буквално како да сме гледале снимка како работа црвените беретки пред 15 години. Со такво насилство и дивјаштво пораката е пратена, пред се, на премиерот Вучиќ. Тој оваа порака мора сериозно да ја прифати и разбере“, вели Драшковиќ.
Тој истакнува дека е доволно само да се провери составот на Жандармеријата, поготово на нискиот одред.
„По формалното распуштање на ЈСО во 2003 година, разместени се оние кои и беа најверни на Легијата.Не е нималку случајно што еден поранешен командант добил надимак Мал Легија. Тие отворено, со години крвнички ги претепуваат граѓаните на Србија, кога сакаат и како сакаат, а дури учествувале и во ликвидации. Притоа постојано пејатнекоја своја химна која започнува со заклетва дека само Бог и Жандармеријата ја чуваат Србија“, предупредува Драшковиќ, додавајќи дека денеска времињата за Србија се опасни.
„Црвените беретки денеска се во Жандармеријата и тие се оние кои диригираат и како да нема државна институција во која не се нејзините некогашни членови или припадници на службите за безбедност на Слободан Милошевиќ. Тие мора да бидат исчистени и тргнати на страна за да не доживееме реприза на злото“, додава Драшковиќ.