ВИДЕО| Дрон падна врз штабот на руската Црноморска флота

Во саботата е изведен уште еден напад со дрон врз штабот на Црноморската флота во Севастопол на Крим во кој нема повредени, објави гувернерот на полуостровот Михаил Развожаев

Гувернерот објави на Telegram дека дошол во зградата на штабот на флотата „25 минути откако беспилотно летало падна на покривот“.

„За жал, не беше соборено иако над заливот се гаѓаше со стрелачко оружје. Леташе ниско. Жртви нема“, објави Развожаев.

Подоцна гувернерот објави дека по работата на службите за итни ситуација било утврдено дека дронот бил соборен од дејство на еден од пунктовите на противвоздушната одбрана на Севастопол.

„Го соборија беспилотното летало точно над седиштето на флотата. Падна на покривот и се изгоре. Немаше штети. Браво момчиња“, напиша Развожаев во втората објава на Telegram и ги повика граѓаните извесно време да останат во своите домови.

Ова е втор напад со дрон врз штабот на руската Црноморска флота во нејзиното историско седиште во Севастопол, откако на 31-ви јуни дрон падна во дворот на командата, кога беа полесно повредени пет војници. Украина тогаш ги отфрли обвинувањата дека стои зад тој напад.

Списанието Politico во средата објави дека САД му дозволуваат на Киев да го користи испорачаното американско оружје за напади врз црноморскиот полуостров Крим, кој е доминантно руски и по превратот во 2014 година се присоедини односно се врати во Русија, бидејќи таквите операции се сметаат за „самоодбрана“.

Вториов напад се случува во седмицата кога се случија неколку експлозии на складишта на Крим. Во четвртокот вечерта руските сили соборија дрон близу воениот аеродром во Севастопол., а во вторникот се случи пожар во магацини со оружје во селото Мајское на северниот брег на полуостровот, што Москва во нарече „саботажа“. На почетокот од август во експлозија за воената авијација во близна на воениот аеродром во Крим, загина едно лице а неколкумина беа ранети.

Покрај тоа во саботата во Евпаториј, на западот од Крим, се активирал системот за противвоздушна одбран, но „нема штети, ниту повредени“, објави гувернерот на полуостровот Сергеј Аксјонов.

Во саботата, исто така, врз Константин Ивашченко, кој проруските сепаратисти го именуваа за мнозински рускиот град Мариупол на југоистокот од Украина, е изведен обид за атентат. Како и во некои други претходни случаи во градовите кои ги заземаа проруските сепаратисти и руската војска, на патот по кој се движел возилото на градоначалникот била активирана експлозивна направа, но Ивашченко не бил поведени.