(ВИДЕО) Дукоски: Teлефонот на Боки воопшто не е вештачен, во него има многу фотографии и разговори

Поднесовме три барања за вештачењето на телефонот на Бојан Јовановски но бевме одбиени со образложение дека тие го извештачиле за потребите на обвинителниот акт и дека во тоа сме имале увид. Вистината е дека тој фамозен телефон никогаш не е вештачен, а особено не о вешто лице, вели во интервју за „Република“ , адвокатот Сашо Дукоски.

Тој објаснува дека и истражителот кој се самонарекува форензичар признал дека е без лиценца и оти не извршил вештачење туку анализирал само три слики.

Во телефонот на Боки има многу работи кои би утврдиле поинаква фактичка состојба, фотографии и разговори. Мислам дека попрво Обвинителството ќе се сруши отколку да дозволи телефонот да се вештачи- убеден е Дукоски.

Пандорината кутија што Боки ја најавуваше , Дукоски се надева дека ќе биде отворена доколку политичарите се појават како сведоци во суд.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.