ВИДЕО: Двајца осудени убијци побегнаа од затвор во САД

Двајца осудени убијци во американската држава Њујорк, успеале да побегнат од затворот во Данмори.

Во масовната потрага на полицијата започна вклучени се 200 полицајци, специјалната единица „SWAT” и хеликоптери. Властите наведуваат дека затворениците имале добро разработен план за бегство и дека имаат ископано дупка во ќелијата во затворот со најголем степен на безбедност, кој се наоѓа во непосредна близина до границата со Канада.

Гувернерот Андру Комо предупреди дека затворениците се опасни. При утринските проверки на ќелиите е откриено дека Дејвид Свит (34) и Ричар Мет (48) побегнале.

Свит е осуден на доживотна казна затвор поради убиство на полицаец, а Мет е осуден на најмалку 25 години затвор, без право на помилување до 2032 поради убиство и киднапирање.