(ВИДЕО) Две жртви во невреме во Шпанија

24

Две лица загинале во југоисточна Шпанија во четвртокот во невремето кое го погоди континенталниот дел од земјата, пренесуваат тамошните медиуми во петокот.

Шеесет и едногодишник и педесетгодишна жена загинале заронени во својот автомобил кој го однел поројот, пренесува весникот El Pais, повикувајќи се на информации од локалните власти. Тие патувале кој гратчето Ла Фонт дела Фигуера, околу 85 километри југозападно од Валенсија.

Во градот Онтиниенте реката ја пробила браната, поради што биле евекуирани 150 жители, додека 40 лица морале да бидат спасувани. Ѕидовите на едно училиште се урнале, но според досегшните податоци нема повредени. На бреговите на градот Дение, се појавило мало торнадо, пишува El Pais.

Ден претходно бурата проследена со големи дождови и врнежи од град мина низ Балератите, со што ненадејно заврши летната сезона на познатото туристичко летувалиште Мајорка, а некои училиште го одложија почетокот на наставата.

Црвениот метео аларм сѐ уште е на сила во покраините Алмерија, Аликанте, Валенсија и Мурсија, предупредува шпанскиот хидрометеоролошки завод Aemet. Повеќе од 200 војници со 100 воени возила се распоредени во погодените области, за помош на цивилнтие власти, објави армијата.

 

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.